Погледнете каков еврогол на Дибала беше уништен од Роналдо: Ова е точка на неговата очајна кариера (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус се поразени синоќа на гостувањето кај Јанг Бојс во рамки на Лигата на шампионите со 2:1.

„Старата дама“ до самиот крај на мечот се обидуваше да постигне уште еден погодок за да го избегне поразот, а во тоа успеа во 93. минута преку Дибала.

Сепак, погодокот на Аргентинецот е поништен, а на повторената снимка се гледа како се му расипа Кристијано Роналдо. Дибала шутираше од работ на шеснаесетникот, се чинеше дека топката оди во самата насока, но тогаш на сцената стапи Роналдо кој ја закачи, ја промени насоката и ја испрати кон мрежата.

Баш тоа го упропати овој удар Дибала бидејќи Роналдо беше во офсајд и голот е поништен, а се чини дека топката секако ќе завршеше во мрежата и дека Роналдо не ја ни допре.

Како и да е, за Португалецот ова беше катастрофална партија бидејќи пропушти стопроцентни шанси.