Познати се паровите во ЛЕ: Адеми и Динамо добија тежок противник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ждрепката за осминафиналните парови во Лига Европа (ЛЕ) беше одржана денеска во Нион, а меѓу 16  најдобри екипи се пласираше и македонскиот интернационалец Аријан Адеми со Динамо Загреб.

Најмногу внимнание привлекува токму натпреварот на Динамо против Бенфика, а првиот меч се игра на „Максимир“.

Првите натпревари во осминафиналето од ЛЕ се играат на седми март, додека реваншите се седум дена подоцна.

Годинешното финале во ЛЕ ќе се игра во главниот град на Азербејџан, односно Баку на 29 мај.

Парови во Лига Европа:

Челси – Динамо Киев
Ајнтрахт Франкфурт – Интер
Динамо Загреб – Бенфика
Наполи – Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севилја – Славија
Арсенал – Рен
Зенит – Вилјареал