Полека се расплетува пајажината во случајот „Икарди“: Еве што ќе се случи по официјалниот состанок со управата…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера беше оддржан состанок помеѓу извршниот директор на Интер и Икарди и неговата сопруга.

Од вчера беше познато дека Интер се огласи со официјално соопштение, извршниот директор Џузепе Марота оддржа состанок со Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда, која има и улога на агент во неговата фудбалска кариера.

Познати се и резултатите од состанокот, како што пренесуваат италијанските медиуми се верува дека до примирје помеѓу двете страни би можело да дојде до крајот на сезоната.

Икарди е свесен дека нема да ја добие капитенската лента назад, најверојатно и нов договор, но тој бара неговите професионалност и жртва да бидат препознаени, особено бидејќи игра со повредено колено.

Марота со смирен тон изјави дека работите одат кон подобро.

„Минатото е минато, бараме најдобра формула да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави извршниот директор на „Нероаѕурите“.

Сепак, и натаму е непознато каков е односот со Перишиќ и Брозовиќ, кои од сипругата на Икарди бараа извинување за разните обвиненија.

Под голем знак прашалник е и судбината на тренерот Спалети, особено по серијата слаби резултати во Серија А, која го донесе во прашање и пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.

Мурињо и Конте се споменуваат како тренери кои следното лето би можеле да го преземат клубот од „Меаца“, што под голема дилема ја остава судбината на Лучано Спалети на клупата на Интер.

Како и да е, Интер се насочува кон обврските во Лига Европа, вечерва ги очекува првиот дуел со Ајнтрахт Франкфурт во рамки на осминафиналето на ова натпреварување и тоа во Германија.