Поранешен англиски селектор ги презема Филипините!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шведски тренер Свен Горан Ериксон ја прифати понудата на Филипините и ја презема фудбалската селекција на таа земја.

Ериксон денеска беше официјално претставен како нов селектор на Филипините.

„Претпоставувам дека едно од вашите прашања ќе биде зошто сум тука. Не е лесно да се одговори на тоа прашање. Сакам даработам нешто малку различно“, кажа 70-годишниот Ериксон.

Инаку, Швеѓанецот работеше како селектор на Англија, Мексико и Брегот на слоновата коска во минатото, а беше тренер и на клубови како Рома, Лацио, Бенфика, Манчестер сити.