Поранешниот фудбалер на Барселона ќе потпише за најлутиот ривал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез пред неколку недели најави дека ова лето во кралскиот клуб ќе доведе звучни засилувања.

Перез повторно сака да направи галактикоси кои ќе доминираат во Европа. Кралскиот клуб има неколку фантастични фудбалери на мета, а според шпанските медиуми на неа се наоѓа поранешниот фудбалер на Барселона.

Реал Мадрид пред неколку недели го контактираше раководството на Баерн бидејќи е заинтересиран за доведување на Тиаго Алкантара. Овој 25-годишен шпански репрезентативец има желба да се врати во Шпанија, но не во Барселона.

Ако Алкантара одлучи кариерата да ја продолжи на Сантијаго Бернабе тогаш сигурно ќе му забие нож во грбот на каталонците, клубот во кој ги почна фудбалските чекори. Сепак, последниот збор го има Баерн Минхен кој порача дека нема да го пушти Тиаго за помалку од 90 милиони евра.