Порто и Шалке со победа ја завршија групната фаза, Галатасарај оди во Лига Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со почеток од 18:55 часот се одиграа последните натпревари од групната фаза во Групата Д од Лигата на шампионите.

По средбите помеѓу Галатасарај и Порто, како и Шалке- Локомотив Москва познат е конечниот распоред во оваа група.

Пласман во нокаут фазата во најелитното европско натпреварување обезбедија Порто и Шалке, а вечерва се одлучи кој ќе патува во Европа Лигата.

Вистинска драма видовме во Истанбул каде Порто со 3:2 го совлада Галатасарај, но Галата не се грижеше многу поради поразот затоа што Локомотив беше поразен од Шалке со 1:0, па така Турците се пласираа во второто по ранг натпреварување во Европа.

Група Д:

  1. Порто 16 бода
  2. Шалке 04 11
  3. Галатасрај 4
  4. Локомотив Москва 3