Порто купи талент за четири милиони, а сега му го продава на Реал за – 50 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид реши да го договори првиот трансфер за наредното лето, а решиле да пазаруваат кај португалски Порто.

Португалскиот гигант веќе со години продава фантастични фудбалери, а еден од нив ќе биде и Едер Милитао, 21-годишниот стопер кој стигна од Сао Паоло за само четири милиони евра.

Реал Мадрид се очекува да го ангажира за дури 50 милиони евра и Бразилецот ќе пристигне на „Сантијаго бернабеу“ дури наредното лето.

„Кралевите“ имале контакт со агентот на Бразилецот, Гуилјано Бертолучи. Тие добиле позитивен одговор за ангажирање на фудбалерот, а договорот би можел да биде постигнат во наредните денови.

Неговата цена ќе се зголеми на 75 милиони евра на крајот на сезоната, па поради тоа „кралевите“ сакаат што е можно побрзо да постигнат договор со талентираниот фудбалер.