Потврдено ново големо засилување на Рома (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Мончи е дефинитивно најангажираниот човек во Европа, барем кога во прашање се трансферите.

Денес беше објавено дека популарниот Мончи договори уште еден голем трансфер. Нов фудбалер на Рома следните денови ќе стане Малком откако ќе ги помине медицинските прегледи во Рим.

„Рома може да потврди дека клубот постигна договор со Бордо за трансферот на Малком кој ќе е предмет на комплетирање на медицинските прегледи и договарање на личните услови“ –стоеше во краткото соопштение на официјалниот Твитер на Рома.

За 21 годишниот крилен фудбалер постоеше сериозен интерес од Интер, Арсенал и Баерн Минхен, но на крајот тој ќе се приклучи на тимот на Рома кој следната сезона ќе има значително изменет состав.