Почина еден од најдобрите ски-скокачи – Мати Никенен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Финска утрово пристигнаа тажни вести, откако беше објавено дека легендарниот скокач и четирикратен победник на Олимписките игри, Мати Никенен починал на 55-годишна возраст.

Никенен ќе остане запаметен по одличните настапи и доминацијата во 90-те години. Посебно се прослави во Сараево на Олимпијадата во 1984 година кога освои злато  сребро на малата скокалница.

Четири години подоцна стана олимписки шампион во Калгари, Канада, а освои и шест светски првенства.

Вкупно имаше пет олимписки медали во својата кариера и стигна до 46 победи. Сепак, во последните години од неговиот живот имаше проблеми со алкохол, разводи, па се обиде да стане и музичар, но не се прослави премногу.