Почина најдобриот македонски атлетичар, Исмаил Мачев! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетската легенда Исмаил Мачев почина синоќа на 59-годишна возраст, откако долго време водеше битка против рак на градите.

Мачев, член на познатата бела штафета и Црвена Звезда, во 2017 година беше успешно опериран, но две години подоцна сепак ја дочекавме најлошата можна вест.

Атлетичарот постигна голем број успеси во кариерата, како што беше сребрениот медал на Медитеранските игри во 1987 година на трка на 400 метри.

На светското првенство во Токио во 1991 година стигна до четвртото место со 2:59.95, а учествуваше и на неколку Светски, Европски првенства и Олимписките игри во Сеул.