По лошите резултати со екипата, Бабунски доби отказ од Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар денеска соопшти дека Бобан Бабунски нема повеќе да биде тренер на Вардар, откако го предводеше тимот од април годинава.

Бабунски го наследи на тренерското место Чедомир Јаневски, па ја водеше екипата во финишот на претходната сезона, како и во првиот квалификациски натпревар во Лигата на Европа, каде што Вардар загуби со 1-0 од Пјуник.

Поради тоа, во реванш-натпреварот Вардар ќе го предводи Александар Васоски, кој ќе се обиде да стигне до победа и пласман во следното коло.

Одлуката за тоа кој ќе го предводи тимот во иднина, управата на Вардар ќе ја донесе по дуелот во четврток.