По тепачката, Гроскројц доби отказ во болница!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германскиот фудбалер, Кевин Гроскројц доби отказ во Штутгарт по тепачката во која учествуваше.

Шампионот на светот од 2014-та година беше нападнат од неколку личности и заврши со повреда на главата.

Германците му дадоа отказ на 28-годишниот играч по 2-часовен состанок во болницата.

Тој во Штутгарт стигна пред 12 месеци од Галатасарај, а во текот на кариерата има играно уште за Ален и Дортмунд.

Гроскројц и претходно имаше сличен инцидент, па управата го изгуби трпението.

Оваа сезона тој одигра 17 натпревари за Штутгарт.