Призание и на најдобрите: Клоп откри која е неговата најголема грешка, навивачите на Ливерпул нема да му замерат…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул би можеле да му заблагодарат за ова…

Јирген Клоп никогаш не бил поблиску до првиот трофеј во Ливерпул.

Вистина има уште многу да се игра во Премиер лигата, но навивачите се надеваат дека ова би можела да биде година во која „Црвените“ ќе го прекинат повеќедеценискиот пост во англискиот шампионат.

Германецот во текот на својата кариера често беше на поразената страна во моментите кога се играше за трофеј, но истакна дека се кае само поради една работа во кариерата.

„Нормално дека сум правел некои грешки во животот, а една од најголемите е кога бев тренер на Борусија. Можев да го донесам Садио Мане во Дортмунд, дури и разговаравме во мојата канцеларија и се беше на менито. Не бев сигурен тогаш и тоа беше моја голема грешка“, откри Клоп.

Симпатизерите на англискиот клуб секако нема да му земат за зло бидејќи во репрезентативецот на Сенегал, добија фантастичен играч.