Проблем за дон Карло, се повреди „архитектот“ на Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмејкерот на Баварците го повреди мускулот на подготовките во Доха и не се знае колку долго ќе мора да паузира.

На утринскиот тренинг на Баерн од Минхен, Тиаго Алкантара почувствува болка во мускулот и не можеше да продолжи да работи со остатокот со екипата.

Репрезентативецот на Шпанија ќе биде подлегнат на детален лекарски прелед после што ќе биде утврдено колку повредата е сериозна.

Повредата на одличниот играч за врска се случи во лошо време, Тиаго беше најдобро оценет играч на Баерн во декември месец.

Најверојатно нема да може да се врати во тренажен процес додека траат подготовките, но да почекаме што ќе ни рече санитарната служба.

Бранителот на титулута шампион на Германија и есенски шампион првиот натпреварувачки натпревар во 2017 година ќе го одигра на 20 јануари против Фрајбург во гости во рамките на 18 коло од Бундеслигата.