Пронајден авионот во кој патуваше Сала, а во него има и едно тело! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истрагата по авионот во кој беше Емилијано Сала вчера доби голем напредок, откако беше пронајден трупот на леталото на дното на морето.

Семејството на Аргентинецот потврди дека станува збор за авионот во кој беше Сала, а истрагата продолжи и денеска. На социјалните мрежи се појавија фотографии од трупот на авионот, кој се наоѓа на дното на англискиот канал.

Истражувачите потврдија дека во авионот било пронајдено тело, но уште не е познато дали станува збор за тоа на Емилијано Сала или на пилотот Дејвид Иботсон. Повеќе информации се очекуваат наскоро, а во близина се и членовите на семејството на Сала.