ПСЖ ја запиша 12. победа по ред и стана нов европски рекордер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на ПСЖ славеше во дербито од 12. коло против тимот на Лил. Парижаните на „Паркот на принцовите“ славеа со 2:1, а интересно е што сите три гола паднаа во последните 20 минути.

Во 70. минута одличен погодок со кој го отвори резултатот постигна Килијан Мбапе. На следниот гол се чекаше до 84. минута кога Нејмар исто така со убав гол го удвои водството на ПСЖ.

Конечниот резултат го постави Пепе кој погоди од белата точка.

За ПСЖ ова беше 12 победа по ред во исто толку одиграни лигашки натпревари со што станаа нови европски рекордери по бројот на остварени победи од почетокот на сезоната.