Путин имал интересен разговор со селекторот на Русија по поразот од Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Русија беше елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство од Хрватска, која беше подобра во пенал-серијата.

Русите со пласманот во четвртфиналето ги надминаа сите очекувања, но поразот од Хрватска ги болеше сите во државата.

По натпреварот, Владимир Путин го повикал селекторот Станислав Черчесов и му честитал за резултатот.

„Премиерот Дмитри Медведев беше во соблекувалната, а претседателот Путин се јави во текот на денот и ми честиташе за добрата игра. Ми кажа дека игравме одлично. Му кажав дека сме разочарани, а тој ми кажа дека мора да ги отвориме очите и да тргнеме напред“, вели Черчесов.