Работнички ги засили своите редови со бразилски фудбалер

Во редовите на Работнички пристигна 23 годишниот Бразилец, Серџо Антонио Да Луз Жуниор кој доаѓа од редовите на Скендербег.

Жуниор со клубот од Дебар Маало потпиша едногодишен договор, а соработката може да биде продолжена на уште една година.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе може да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели“ – истакна Жуниор по промоцијата во новиот дрес.

Серџо Антонио Жуниор или популарно наречен Сержињо потекнува од школата на Бело Хоризонте, а во Европа покрај за Скендербег има настапувано и за Лаци од Албанија, како и Хајвалиа од Косово.