„Раиола ќе одлучи за мојата судбина“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот голман на Милан, Донарума сеуште не знае дали наредната сезона ќе остане во Милан.

Овој 18-годишен голман со фантастичните одбрани привлече големо внимание. Сепак, постои опција и да остане во тимот, а тоа е желба на голманот, но за неговата иднина ќе одлучи Раиола.

„Се надевам дека ќе останам тука. За се околку мојата кариера ќе се погрижи мојот агент.“

Раиола не знае сеуште што ќе биде со неговата иднина.

„Не знаеме дали ќе остане, затоа што не знаеме како ќе изгледа клубот во иднина. Тој заслужува да игра во голем тим.“

Сигурно дека овој агент има намера да го продаде во голем клуб, но останува да видиме што ќе се случи во лето.