Реал го реконструира „Бернабеу“: Футуристички стадион и инвестиција од 525 милиони евра (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сантијаго Бернабеу“ е изграден во 1947 година, а во својата историја е реновиран двапати во 1982 и 2001 година, па според „Марка“ третата реконструкција ќе се случи во 2019 година.

Планот е трибините да добијат футуристички изглед, а проектот освен реновирање на музејот вклучува и искористивање на празните делови за дополнителна заработка.

За реконструкцијата е ангажирана „Леџендс“, мултинационална компанија која е лидер во изградба на спортски објекти. Во минатото, како проектант и дизајнер, компанијата веќе соработувала со Барселона и Атлетико Мадрид, како и Тотнем и Манчестер сити.

За реконструкцијата на „Сантијаго бернабеу“ се потребни 525 милиони евра. Меѓутоа, инвестиацијата е безначајна вооднос на идната соработка. Шпанската екипа од сегашниот договор заработува 173 милиони евра и се очекува да се зголеми уште повеќе.