Реал Мадрид во исчекување: Нов пресврт во борбата за наследник на Лопетеги!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна тема на шпанските медиуми и овие денови е за тоа кој ќе го наследи Хулен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.

Да потсетиме, Лопетеги доби отказ пред десетина денови, а претседателот на Реал, Флорентино Перез, го постави Сантијаго Солари како привремено решение.

Многу тренерски имиња се поврзуваа со „кралевите“ во претходниот период, а најблиску до потпис со клубот беше Антонио Конте, но очигледно од тоа нема да има ништо.

А, сега обложувалниците повторно ги сменија коефициентите и имаат друг фаворит за тренерската позиција.

Откако и пред некое време беше прв фаворит и сега обложувалниците сметаат дека Солари ќе биде тренер на „кралевите“.

Коефициентот на Солари сега е 2,25, додека по него следуваат повторно Роберто Мартинез и Маурицио Покетино.