Реал Мадрид спорот започна, па го разби противникот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид на свој терен ја пречека екипата на Леганес на првиот натпревар од осмина финалето од Купот на Кралот и славеше со убедлива победа од 3:0.

Сантиаго Солари „ги промеша“ картите за овој натпревар и се испостави дека и подмладениот состав беше доволен за убедлива победа на кралевите.

Сепак, Леганес играше навистина добро во првото полувреме. Гостите имаа неколку добри шанси, но на крајот од првиот дел Одриозола падна во казнениот простор, а судијата Манзано покажа на белата точка. Топката ја зема Серхио Рамос и во 44та минута го доведе Реал во водство од 1:0.

Во второто полувреме Реал доминираше, Винициус Џуниор имаше неколку шанси, но за вториот гол на кралевите беше потребна грешка на одбраната на Леганес.

Домаќините стигнаа до топката пред голот на Леганес и во 68 минута Винициус само ја подаде кон Лукас кој рутински погоди за 2:0.

Конечниот резултат го постави Винициус Џуниор во 77 минута, кога одлично го дофати волејот после додавањето од  Одриозола и го совлада гостинскиот голман.

Леганес на крајот од средбата имаше две добри прилики барем да го ублажи поразот но Браитвалте и Сабин не успеаа да го совладат Кејлор Навас, па резултатот остана 3:0.