Рибери му се извини на новинарот на кој му удри неколку шлаканици


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, му се извини на Патрик Гиј поради тоа што физички го нападна по натпреварот во 11. коло од Бундеслигата.

Во големото дерби Баерн Минхен загуби од Борусија Дортмунд со 2-3, а францускиот новинар наводно го обвинил Рибери за два примерни гола, по што фудбалерот збесна и му удри три шамари.

Инцидентот го потврдија и од клубот, па соопштија дека управата ќе го реши проблемот.

Француските медиуми пишуваат дека Гиј бил на разговор во Минхен, а Рибери лично му се извинил во присуство на Ули Хенес и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.