Риека заборави да победува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Хрватска забележа нов, втор пораз по ред во ХНЛ откако денес во дерби натпреварот на домашен терен загуби од Динамо Загреб.

„Модрите“ дојдоа во водство уште во 11 минута кога Џуниор Фернандеш го совлада Слуга. На 2:0 зголеми истиот играч од белата точка откако репрезентативецот на Македонија, Леонард Жута играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Динамо Загреб од 59. минута играше со играч помалку по исклучувањето  на Лекјакс, но од Риека не успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе.

Ова е втор пораз по ред за шампионот на Хрватска. Претходно во четвртото коло Риека загуби од тимот на Осијек.