Ристовски повторно го прозва Червар по поразот на Хрватска против Бразил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска на отварањето на вториот круг од СП во ракомет беше поразена од Бразил и сега има минимални шанси да се избори за полуфинале.

Хрватите пружија катастрофална партија, а многумина како главен кривец го гледаа искусниот селектор Лино Червар кој во текот на натпреварот направи неколку занимливи потези.

Навивачите беа разочарани затоа што Хрватска прими дури осум погодоци на празен гол, што повторно беше одлука на Червар, во напад да се игра без голман.

Нашиот голман одлучи да го прокоментира поразот на Хрватска на свој начин, алудирајќи кон Червар.

Тој објави фотографија од Лино Червар, а врз неа напиша „Генијалец“.

Инаку, Ристовиски во 2017. година не доби шанса на голот на нашата репрезентација, а тогаш селектор беше токму Червар.