Роберто за историја – Барселона со шест парчиња го наполни ПСЖ за 1/4 финале (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија ПСЖ на Камп Ноу во реванш натпреварот од 1/8 финалето во ЛШ, 6:1.

Уште на почетокот на натпреварот Барселона стигна до водство на натпреварот. Луис Суарез погоди со глава за 1:0. Потоа по голот на Трап се закани Нејмар кој шутираше непрецизно.

Гостите се заканија во првото полувреме преку Лукас чиј шут беше одбранет. Пет минути пред крајот на првото полувреме Курзава постигна автогол.

Каталонците на почеток на второто полувреме добија пенал, Мение направи прекршок во казнениот простор. Лионел Меси беше прецизен од белата точка за 3:0.

По третиот примен погодок, ПСЖ имаше шанса за погодок преку Кавани кој ја погоди стативата. Уругваецот во 62-ра минута го намали водството на Барселона, 3:1. Тер Штеген му одбрани зицер на напаѓачот на ПСЖ.

Нејмар две минути пред крајот на натпреварот постигна фантастичен погодок од слободен удар за 4:1. Маркињос направи прекршок во казнениот простор, а Барселона доби пенал. Нејмар ја намести топката на белата точка и ги постави конечните 5:1. Роберто во финишот погоди за 6:1 и пласман на Барселона во 1/4 финале.