Рома најде замена за Манолас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гркот по се, најверојатно ќе се сели, а Рома бара негова замена.

Манолас од наредното лето најверојатно ќе игра за Интер, а самиот играч пред натпреварот даде изјава според кој може да се разбере дека тоа е повеќе од шпекулација.

„Интер? Јас имам уште 2 години од договорот со тимот, фокусиран сум на сегашните случувања и секогаш сакам да играм добро, па ќе видиме што ќе биде.“

Некои медиумите во Италија пренесуваат дека Интер е сериозен за ангажирање на Манолас, а тие сакаат да го донесат него откако претходно им пропаднаа преговорите со Маркињос.

Се дополнително добива на тежина, кога ќе земеме во предвид дека Рома веќе тргна да бара негова замена.

Тие покажаа интерес за Зума од Челси.

Тој не играше многу под водство на Конте поради повреди, а се шпекулира дека Италијанецот ќе се согласи да го пушти на позајмица.

Постои можност Рома да се согласи на позајмица со право на откуп, па ќе видиме што ќе се случи.

Зума не е задоволен во последно време, а шанса да игра добива од клупата или во ФА купот, па сам изјави дека потребно е да игра поредовно.

„Ќе видиме како ќе бидат работите до крајот на сезоната. Ќе мора да разговараме, затоа што сум млад и во мои години треба да играте многу.“