Рома подобра од Милан: Наинголан го реши натпреварот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во дербито од 16-то коло во Серија А, Рома победи со 1:0 против Милан.

Рома и Милан беа на ист број бодови пред натпреварот, но Рома со победата дојде до 35 бодови и повторно е на 4 бодови зад Јувентус.

Во првиот дел Милан беше подобар, имаше голема шанса во 27-та минута, но Счезни одбрани пенал.

Најдобра шанса за Рома имаше Џеко, но Донарума брилијантно интервенираше. Во 62-та минута Наинголан го реши прашањето за победникот.

Можеби ќе завршеше поинаку натпреварот доколку Нианг го искористеше пеналот и Милан освоеше еден бод или три, кои секако ги заслужи.