„Роналдо е одличен стрелец, но Меси е гениј“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска се игра големото Ел Класико, а тоа е повод за повторно да се поткрене темата –кој е подобар, Роналдо или Меси?

По повод тоа се огласи и некогашниот тренер на Реал Мадрид Фабио Капело кој смета дека Меси е гениј.

„Тоа е многу едноставно. Роналдо е фантастичен стрелец, но не ја поседува брилијатноста и магијата како Меси. Меси веќе 17 или 18 години беше гениј. Роналдо беше добар фудбалер кој напредуваше благодарение на напорната работа и стана одличен напаѓач. Тој не е добар играч, веќе одличен. Сепак, не поседува можности да ги направи магичните потези на Меси. Тоа е за мене разликата меѓу нив“, рече Капело.

Сепак, Капело смета дека Роналдо во оваа сезона треба да ја освои Златната топка поради двата големи трофеи кои ги освои.

„Да, тој е мојот фаворит во оваа сезона. Тој беше клучен играч за освојување на ЕП и ЛШ“, порача Капело.