Роналдо убеди соиграч од Јувентус да замине во Спортинг!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стефано Стураро е вишок во Јувентус сезонава, но интересот за неговите услуги е голем. Неколку англиски и италијански клубови сакаат да го видат во свои редови, а меѓу кандидатите е и Спортинг Лисабон.

„Тутоспорт“ пишува дека португалскиот гигант во наредните денови ќе се договори со Стураро и тоа благодарение на Кристијано Роналдо.

Наводно, управата на клубот од Лисабон токму преку Роналдо се обидува да го убеди играчот на „Старата дама“ да ја прифати понудата.

Јувентус за услугите на 23-годишниот играч ќе добие 20 милиони евра, а во Спортинг ќе има многу повеќе шанси за игра, отколку во Торино.

Во претходните четири сезони, Стураро одигра 90 натпревари за Јувентус и постигна три гола.