„Сакам да остане Енрике тренер на Барселона“


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Луис Енрике на крајот на оваа сезона најверојатно ќе ја напушти Барселона.

Барселона оваа сезона не игра како што се очекува од нив, а прв на удар би можел да биде Енрике.

Тренерот на Барселона сеуште не доби друга понуда за нов договор, а сегашниот му завршува на крајот на оваа сезона.

Во медиумите се шпекулира за имињата кои би можеле да дојдат на тренерското место во Барселона.

По се изгледа дека Барселона не сака да му даде отказ на Енрике затоа што ќе плаќа поради тоа, па чека да му заврши договорот во лето и да се раздели со него.

Сепак, не сакаат сите Енрике да ја напушти Барселона, затоа што Иниеста покажа желба овој тренер на остане во клубот и во иднина.

„Не знам дали ќе остане тренер до крајот на сезоната во Барселона, но јас би сакал да биде така. Сакам Енрике да остане затоа што верувам дека во овој клуб има иднина и може да донесе многу титули. Во првата сезона освои скоро се и нормална работа е тоа што е сега во мала криза.“