„Салах во јануари ќе се пресели во Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул игра фантастично сезонава, а нивната најголема ѕвезда Мохамед Салах имаше лош старт, но полека почна да влегува во форма.

Минатата сезона се шпекулираше дека е на чекор до Реал Мадрид, а легендата на Арсенал, Пол Мерсон во своја колумна напиша дека тоа ќе се случи уште во јануари.

„Реал Мадрид наскоро ќе тргне по Салах. Зошто не би го направиле тоа? Потребно им е нешто големо и го сакаат уште во јануари. Доколку се пресели во Реал, Ливерпул нема да има шанса да го запре“, напиша Мерсон.

Мерсон вели дека нема фудбалер, кој ги одбил шпанските гиганти, а тоа нема да го направи ниту Салах.

„Не можам да се сетам на некој фудбалер, кој ги одбил Реал Мадрид и Барселона, па ова дефинитивно ќе ги налути навивачите на Ливерпул“, вели легендарниот фудбалер.