Салах „се појави“ на фризура во Србија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во соседна Србија постои фризер кој е добро познат на тамошната јавност по тоа што прави фризури со ликови на познати личности.

Во текот на вчерашниот ден низ социјалните мрежи се прошири фотографија на која се гледа фризура со ликот на фудбалерот на Ливерпул, Мо Салах.

Во минатото во тренд беше да тетовираш грб на омилениот клуб, или можеби да го тетовираш и играчот кој ти е омилен, но сега се повеќе може да се видат вакви урнебесни фризури.

Фризерот од Нови Сад, Марио Хвала досега освен Салах има направено фризури со ликовите на Роналдо и Меси, српската легенда Новак Ѓоковиќ, како и рускиот претседател, Владимир Путин.