Сандерленд сака 30 милиони фунти за својот голман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џордан Пикфорд е почитуван голман во Англија. Иако тој не се прослави во Сандерленд, тој сеуште е на листата на најдобри голмани во Англија.

Сандерленд по катастрофална сезона испадна во Чемпионшип и тој сака да замине од тимот.

Сандерленд за него бараат неверојатни 30 милиони фунти, а тоа се многу пари за играч кој зад себе нема никакви резултати.

Тимот на Евертон испрати понуда од само 8 милиони евра, но тие набрзо добија негативен одговор.

Евертон би можел евентуално да ја зголеми понудата до 15 милиони фунти, но тоа ќе биде максималната цена која ќе ја понудат.