Сари отворено и искрено: Јас сум му татко на Игуаин…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гонзало Игуаин со два погодоци против Хадесфилд стигна до бројката од 37 во исто толку натпревари под палката на Маурисио Сари.

Аргентинецот во јануари пристина во Челси и така повторно ги здружи силите со својот некогашен тренер од Наполи, а Сари се надева дека „Стемфорд Бриџ“ може да го извлече најдоброто од Пипито.

„Мислам дека јас сум фудбалскиот татко на Игуаин. Ментално, мислам дека сме исти. Гонзало е вистински човек за мојот фудбал, поради тоа и чувството е одлично, вистинско фудбалко чувство“, порача Сари пред новинарите и додаде:

„Потребна му е самодоверба пред се. Потребен му е добар однос со тренерот и соиграчите. Понекогаш му е потребна и порака од тренерот.

Моментално, има голема желба за игра. Може да одигра одлична сезона, односно втор дел од сезоната. Како што видовте во претходниот меч, Еден многу често го пронаоѓа Гонзало. Зборуваат на ист фудбалски јазик. Поради тоа верувам дека Гонзало ќе биде важен дел од екипата“, порача Сари.

Челси утре гостува кај Манчестер Сити и ќе се обиде да го оттргне оружјето од машинеријата на Гвардиола. За потсетување, Челси во декември на Сити му го нанесе првиот пораз во сезоната во Премиер лигата.