Сари потврди: Игуаин пристигна, тој е најдобриот кој некогаш сум го тренирал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Челси, Маурисио Сари потврди дека остатокот од сезоната дресот на овој клуб ќе го носи аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин.

Плавите долго бараа идеален напаѓач. Сари како вистинско решение за својата екипа го гледаше 31-годишниот Аргентинец, а на крајот успеа и да го добие.

Италијанскиот стратег полн е со пофалби за искусниот напаѓач и тврди дека еден е од најдобрите што некогаш ги тренирал.

„Игуаин денес ќе потпише договор, но нема да игра утре против Тотенхем“, истакна Сари и продолжи:

„Тој е одличен игра. Посебно импресивен беше во мојата прва сезона во Наполи. Без дилеми, тој е еден од најдобрите напаѓачи кои сум ги видел во кариерата. Има се што е потребно за да успее тука. Се надевам дека ќе постигнува погодоци тука. Мина низ тежок период, но се надеваме дека ќе се врати во вистинска форма“, истакна Сари.

Игуаин изминатата полусезона ја мина на позајмица од Јувентус во Милан, а постигна осум погодоци во 22 настапи за „Росонерите“.