Секоја работа си има своја цена – Вест Хем убаво му наплати на Паје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приказната за заминување на Димитри паје е конечно завршена.

Французинот се врати во татковината, каде што потпиша договор со Марсеј, а Вест Хем доби 25 милиони фунти.

Тие не се разделија пријателски. Паје со своите постапки им ја повреди гордоста на тимот, а клубот му наплати и одлучи да врати дел од парите кои се вложени во него.

Вест Хем неговото останување во клубот го „купи“ со бонус од милион фунти. Паје одлучи да остане во Лондон и покрај големите понуди на гигантите по одличното ЕП, но неколку месеци подоцна се предомисли.

Тој на почетокот на јануари одби да игра за тимот, а потоа побара и трансфер во Марсеј, па на крајот му беше исполнета желбата.

Не е познато дали Паје ги вратил парите, а тој вчера стана нов член на Марсеј.