Секоја чест за КОНМЕБОЛ и Атлетико Насионал: Трофејот ќе го добие Чапекоенсе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чапекоенсе ќе биде победник на Копа Судамерикана, објави претседателот на клубот.

Иван Тозо откри за медиумите дека управата од КОНМЕБОЛ потврдиле дека клубот, кој загина во авионската несреќа, ќе го добие трофејот.

„Со тоа, клубот ќе добие и 2 милиони долари награда за освојување. Се е договорено, единствено не знам каде ќе се оддржи церемонијата на доделување.“

Тозо зборуваше на комеморацијата на жртвите на стадионот „Арена Конде“, каде се собраа илјадници луѓе. Да потсетиме, таа иницијатива Чапекоенсе да го добие трофејот ја започна Атлетико Насионал.

„Поддршка ни стигнува од сите страни во светот, а сега се обидуваме да направиме нов тим. Луѓето во Чапес сакаат фудбал, па затоа мора да продолжиме.“

А тимот од Аргентина, Сан Лоренцо кој во ½-финалето испадна од Чапекоенсе, во натпревар кај Олимп играше во дресовите на бразилските пријатели.