Сензационална победа на Бразил против Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По големата победа против Србија во текот на вчерашниот ден, репрезентативците на Бразил приредија уште една сензација и ја совладаа селекцијата на Русија со 25:23.

Со оваа победа Бразилците дојдоа на чекор до пласман во главната фаза за што ќе им фали само уште една победа против репрезентацијата на Кореа.

Боргеш беше предводник на „Кариоките“ со седум погодоци, а еден помалку постигна Лангаро. Голманот на Бразил, Алмеида мечот го заврши со 11 одбрани.

Тимур Дибиров и Житников натпреварот го завршија со по шест погодоци, а ракометарот на Вардар запиша и црвен картон на десетина минути пред крајот на средбата.