Сензација на повидок – Италијански гигант подготвува понуда за Агуеро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува Калчомеркато Аргентинецот на лето може да добие огромна понуда од Чизмата.

Аргентинецот не е познат како вреден работник, што е нешто што кај Гвардиола мора да го промени или да замине.

Во оваа сезона веќе има „жолти минути“, заработи црвен картон во финишот на мечот со Челси, што го чинеше три меча суспензија и тоа пред „празничното лудило“.

Не е во најдобра форма, иако добро ја почна сезоната не успеваше да го пронајде патот до мрежата на најдобрите тимови во Премиер лигата.

Синоќа против Тотенхем исто така беше индиспониран, Лорис му скина неколку обиди и на крајот повторно остана без постигнат гол во важен дуел за Граѓаните.

Познато е дека Пеп Гвардиола нема многу трпение, соевремено се откажуваше од напаѓачи како Ибрахимовиќ или Ето, тоа не би било преголемо изненадување да видиме и Агуеро како го напушта клубот кој од клупата го предводи шпанскиот стратег.

Целата приказна дополнително доби на тежина, како во предвид ги земиме и пишувањата на италијанските медиуми дека амбициозната управа на Интер спремна е да му понуди богат договор на лето.

Имено, Сунинг е група која е на чело на Нероаѕурите е спремна да вложува во играчкиот кадар колку што треба, а нема сомнеж дека доаѓање на Агуеро во нивните редови ќе биде вистинска сензација.

Со аргентинскиот репрезентативец во нападот, шансите на Интер за освојувањер на Скудетото ненормално ќе пораснат, Јувентус ќе добие многу сериозен конкурент за тронот.

Во управата на тимот од Меаца веруваат дека Икарди и Агуеро ќе сочинуваат совршен напаѓачки тандем, што ретко кој може да го оспори.

Агуеро во Сити стигна во 2011 година од Атлетико Мадрид, од тогаш постигна 113 голови во 164 настапи и беше еден од најзаслужните за двете освоени титули на Граѓаните во Премиер лигата.

Вреди да се напомене и дека неодамна во редовите на клубот на Итихад стигна и суперталентираниот Бразилец Габриел Жесус, пред кој е блескава иднина.

Тој и дебитираше во синоќешниот меч со Спарси, постигна и гол но тој е поништен поради офсајд позиција, но со своето движење и голема количина на енергија покажа дека дефинитивно ќе биде засилување за четата на Пеп Гвардиола.