Серија А има нов хит – Интер тргна прв по него, а Јувентус веднаш по нив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откупната клаузула изнесува 28 милиони евра.

Серија А не е добра како порано, но и понатаму има добри играчи кои го преминуваат патот од непознати, евтини протизводи или таленти до фудбалер кој подоцна прави вистинска кариера.

Дибала, Икарди или Донарума се најдобрите примери дека во Серија А се создаваат добри фудбалери, а еден од нив во најава би можел да биде Патрик Шик.

Овој играч има 21 година, летово дојде во Сампдорија од Спарта и привлече внимание на поголемите клубови.

Шик оваа сезона одигра 18 натпревари во Серија А, но дури 14 пати влегуваше од клупата и постигна 6 голови.

Информациите од Италија зборуваат дека Интер веќе тргнал во преговори да го донесе Шик. Сампдорија летово го купи за 4 милиони евра и веднаш постави клаузула од 28 милиони евра.

Неодамна агентот на Шик изјави дека Јувентус, Интер и Милан се интересираат за неговиот клиент. Можеби станува збор за кревање на цената, а можеби е вистина.