„Сеуште немам одлучено!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот стопер и капитен на Челси, Тери на крајот на сезоната ќе го напушти Челси. А по победата против Вотфорд во која се запиша во листата на стрелци, тој откри дека не знае каде ќе продолжи.

„Сеуште не ја исклучувам можноста во недела да биде мојот последен натпревар и да заминам во пензија. Никогаш не сакав да бидам играч кој без потреба се задржува во тимот.“

„Ако се појави некоја понуда, ќе разговарам со семејството и ќе донесеме заедно одлука. Навистина во моментов немам никакворешение и ги разгледувам сите опции.“

Џон Тери во победата против Вотфорд го одигра 716-ти натпревар во дресот на Челси додеока голот кој го постигна беше 67-ми за Челси.