„Сеуште не знам што е реалност“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако пред еден месец Нико Розберг стана шампион во Ф1, а 5 денови подоцна објави пензија, тој вели дека сеуште не сфатил што се случило.

Розберг во борба за титулата со 5 бодови повеќе го победи Хамилтон и го направи најголемиот успех во кариерата. На тој начин го повтори успехот на својот татко Кеке, кој во 1982 година беше шампион во Ф1.

Од тогаш, тој ужива во светската турнеја како светски шампион, бидејќи гостуваше на голем број доделување на награди и емисии.

„Знаев дека никогаш нема да биде лесно ако Хамилтон ми е колега. Секогаш тоа ќе биде голема борба, бидејќи тој е одличен возач и многу брзо. Беше светски шампион и неверојатно и одлично е тоа што се случи на крајот. Сеуште не сфаќам што се случи.“

На прашањето како ја прославил титулата во Абу Даби само неколку часови по освојување на титулата, тој потврди дека славел во голем стил.

„Можам да потврдам дека сум двоен светски шампион. Станав и светски шампион во лудување. Горд сум, како и на сите други постигнувања.“