„Се надевам дека може да им бидам пример на останатите тенисерки“

Минатата година испадна во првото коло на квалификациите, оваа година ќе се бори за титула во Индијан Велс.

Толку голем напредок имаше Веснина.

„Се надевам дека ова е добар пример за останатите тенисерки, дека се е возможно ако верувате во себе.“

„Дури и кога ништо не ви оди од рака, ако изгубите во првото коло на квалификациите, што може да биде полошо? Знаете, не е важно, сингл, квалификации или главен ждреб.“

„Работете на себе и своите победи. Минатата година, на многу турнири играв квалификации и тоа ми помогна.“

„Повторно тргнав од почеток, играв против тенисери кои не се во најдобрите 50. И победував. Беше тешко, но победа си е победа.“