„Се надевам дека ќе постигне уште 900 голови за клубот“

Тренерот на Барселона, Енрике по победата против Гранада посака Нејмар да постигне уште 900 голови за Барселона.

Барселона во недела го победи тимот на Гранада со 4:1, а еден од головите го постигна Нејмар на кој му беше 100-ти во дресот на Барселона.

Тој така стигна до таа бројка на 177 натпревари.

„Неговите бројки покажуваат дека станува збор за ѕвер од играч. Тој е еден од играчите за кои противничката одбрана тешко наоѓа решение. Беше вистинска одлука кога го донесоа во тимот. Се надевам дека ќе постигне уште 900 голови за тимот.“