Се огласи и Флорентино Перез: Листата за продажба има шест имиња, и повеќе од изненадувачки ….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува големи промени во внатрешноста на тимот во текот на летото.

Се очекува неколку ѕвезди да потпишат со Кралскиот клуб. Еден Азар е прв на листата на желби, а се споменуваат и пристигнувањата на Дибала и Хари Кејн.

Меѓутоа, Перез пред се одлучи да продаде шестмина фудбалери, а листата која ја објави Дон Балон делува поприлично неверојатно, бидејќи на неа се играчите кои се стандардни оваа сезона.

Бразилецот Марсело е првиот на листата. За него повеќе нема место во клубот и како што стојат работите тој ќе ги засили редовите на торински Јувентус.

Нему ќе му се придружат Иско и Кејлор Навас. Иско е разочаран со својот статус во клубот. Кај Сантијаго Солари речиси и да не игра, па клубот одлучи да се ослободи од него.

Исто така, Навас би можел да замине. Тој се најде на листата на продажба, иако неодамна потпиша продолжување на соработката со екипата.

Додека заминувањето на овие играчи и се очекува, останаа три имиња кои секако се големи изненадувања. Дон Балон, тврди дека Перез одлучил дас ги продаде и Тони Крос, Дани Карвахал и Касемиро.

Особено е шокантен фактот дека на листата се најде Касемиро. Тој игра фантастично оваа сезона и еден е од главните играчи на клубот, но последен збор ќе има претседателот на Реал.