„Сите се виновни за лошата одбрана“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул по поразот од Свонси со 2:3, падна на 4-то место на табелата и сега има 10 бодови помалку од Челси.

Откако Јирген Клоп го превзема тимот, ова беше втор пат на „Енфилд“ да примат 3 голови, поради што тој го обвини цел тим поради лошата одбрана.

Сепак, без оглед на состојбата, тие не се откажуваат од борба за титулата. Ветува дека ќе се борат со сите сили да ја освојат.

„Понекогаш грешката ја прави голманот или дефанзивците, но некогаш тоа се седум или осум фудбалери, а не само еден. Одбраната започнува од нападот. Очигледно згрешивме и мора да бидеме подобри.“

„Матип помина шест недели надвор од теренот поради повреда. Успеавме да се соочиме со тоа, но не сме задоволни со последните натпревари.“