„Смешно ми е кога ќе видам што прави Симеоне со своите играчи.“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Атлетико Мадрид, Диего Годин даде интересна изјава во која го опиша како изгледал првиот тренинг на играчите кои ќе стигнат во клубот.

Според неговиот зборови, ритамот кој го наметнува Симеоне во стартот ги шокира сите нови фудбалери.

„Верувајте ми, смешно ми е тоа што им го прави Симеоне на своите нови фудбалери. Секој пат се смеам кога ќе почнат подготовките.“

„Кога ќе дојдат во клубот, новите фудбалери не се свесни што ги чека. Потоа го имаат првиот тренинг и со денови се обидуваат да си дојдат на себе.“

Диего Годин во 2010 година стигна до Виљареал и минатите години беше еден од најстандардните играчи во тимот.