„Солари е одличен, но ние не решаваме кој ќе го предводи Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо, кажа дека Сантијаго Солари е тренер, кој би го да максимумот за да го однесе клубот на врвот.

Солари беше поставен како привремен тренер, а Хулен Лопетеги доби отказ минатиот викенд.

Аргентинскиот тренер ги предводеше „кралевите“ во победата од 4-1 против Мелила во Купот на своето деби.

„Солари е одличен тренер, само тоа можеме да го кажеме ние, но не ги донесуваме конечните одлуки“, кажа Начо.

Фудбалерот на Реал кажа дека за Реал во моментов е најважно да се врати на победнички патеки бидејќи сега е на осмата позиција во лигата, со седум бодови помалку од лидерот Барселона.

„Исто се однесувавме и под водство на Лопетеги, но немавме среќа. Важно е да им се вратиме на победите и конечно да го нападнеме врвот на табелата“, објасни дефанзивецот на Реал.