Солари им се налути на фудбалерите: Им дозволуваме да прават будали од нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид направи важен чекор кон четвртфиналето на Лигата на шампиони, откако го совлада Ајакс со 2-1 во Амстердам во првиот меч од осминафиналето.

Тоа не беше добар натпревар за „кралевите“, иако на крајот победија. Шпанците се мачеа во текот на првото полувреме, а тоа го налутило тренерот Сантијаго Солари, кој во соблекувалната ги критикувал фудбалерите.

„Им дозволуваме да прават будали од нас, тоа не смее да се случува. Мора да играме поагресивно и да постигнеме голови“, им порачал Солари на фудбалерите.

Тоа резултирало на крај со успех, зашто Реал се врати од Амстердам со минимална предност.